еМагазин
Забава

Вечерва бесплатна журка со Пол ван Дајк во скопски Аеродром

Диџејот Пол ван Дајк вечер ќе настапи во паркот „Авионче“ покрај кејот на Вардар во Општина Аеродром. Неговиот настап се очекува да почне во 22 часот, а од 19 часот ќе настапат неколку познати македонски диџеи.

При крај на концертот ќе има огномет.

Општина Аеродром е дел од светската турнеја „Music Rescues Me“ на Пол ван Дајк, во чии рамки тој го промовира својот нов албум. Се очекуваат околу 10.000 посетители од земјава и од регионот, кои ќе имаат можност да уживаат во неговите нови хитови.

– За потребите на овој голем настан ќе биде поставена бина по светски стандарди, надополнета со посебни ефекти, врвно озвучување и уникатно осветлување, кое е карактеристично за настапите на Пол ван Дајк, соопшти Општина Аеродром.

Од Општина Аеродром ги покануваат граѓаните да бидат дел од целовечерната забава што е од отворен карактер со бесплатен влез и ги потсетуваат дека препорачливиот дрес-код е во сино-бела боја за уште поубав амбиент.

Греми номинираниот Пол ван Дајк два пати е прогласен за број 1 диџеј во светот според реномираното списание „DJ Mag“, нешто што досега само неколку диџеи успеале да го постигнат во својата кариера.

Тој е дел од фестивалот „BACK 2 school WEEK“ што девет дена се одржува низ парковите во Општина Аеродром, каде настапуваат голем број музички имиња, бендови и диџеи.

Фото: Фејсбук/Пол ван Дајк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Џенифер Лопез покажа дека е секс-бомба и на 50 години

Редакција

(Видео) Суперхикс со новото видео и сингл „Модерна љубов“ се враќаат назад кон корените

Редакција

(Видео) „Ќе ме сакаш ли?“ – нов сингл на Дани Димитровска

Редакција