еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Велика Британија ја стави Македонија на зелена листа држави на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за Ковид-19 со кои Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР)

„Граѓаните кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација, да имаат примено комплетна вакцина (две дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија, да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Pfizer BioNTech, Модерна, Џонсон и Џонсон.

Сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик,“ информираат од МНР.

МНР потсетува дека на веб страницата на Министерството можат да се следат најдетално и најновите информации за ковид протоколи: www.mfa.gov.mk.

Останува непроменето дека, државјаните на Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој.

Фото: Unsplush.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште осум лица заболени од корона вирусот, вкупно 414

Редакција

Вкупно 6.065: Од Ковид-19 починаа 21 лице, најмногу од Скопје, Тетово и Гостивар

Редакција

Најчевска: На крај наместо Македонија да влезе во ЕУ, Бугарија ќе го заврши процесот на асимилација започнат во 19 век

Редакција