еМагазин
Image default
Македонија

Вице Заев за 1ТВ: Николовски има три дена да ги докаже обвинувањата за криминална коалиција со Мијалков, во спротивно ќе го тужам!

Бизнисменот Вице Заев, брат на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, во интервју за телевизијата 1ТВ, ги негира обвинувањата на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски дека Заеви направиле криминална коалиција со поранешниот функционер на ВМРО ДПМНЕ и поранешен прв човек на УБК, Сашо Мијалков.

„Во недостиг на демократски капацитет и личен морален кредибилитет, а со цел да се релативизира фактот на антагонизмот кон ЕУ и НАТО, раководството на ДПМНЕ перманентно изминатиот период ја труе македонската јавност со прозивки на моето име во разни негативни конотации врзани за незаконски дејанија. Ваквиот случај е последниот со изнесените невистини од страна на потретседателот на оваа партија, Александар Николовски. Барам кажаното да го докаже на начин што сите евентуални докази ќе ги поднесе до Јавното обвинителство, а доколку не го стори тоа во рок од три дена, ќе сметаме дека докази нема и дека сето тоа е измислица, па според тоа ќе поднесам тужба за нарушување на честа и угледот, бидејќи ми се нанесува политичка, но и материјална штета„, вели Заев за 1ТВ.

Додава и дека не може се прават спроедби меѓу него и Мијалков, бидејќи, како што посочува, ниту е избран и именуван функционер, ниту неговите фирми учествувале на јавни тендери во изминативе години.

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Честитка за новата криминална коалиција на Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен конкурс за обука на воени пилоти

Редакција

Ова не е суспензија на Русковска, туку на правдата: Обвинителката поднесе жалба до Советот на јавни обвинители

Редакција

Мухамед Зекири е нов генерален секретар на Владата

Редакција