Во Основниот суд во Тетово денеска беше спроведена 17-годишната девојка од селото Рогле, која е осомничена за убиство на 16-годишното момче, чие безживотно тело пред неколку беше извлечено од реката Пена во месноста Бањиче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
17-годишна девојка осомничена за убиство на момчето кое беше најдено мртво во реката Пена
Локалниот портал Тетовасот објави видео од нејзиното спроведување од Казнено-поправната установа Затвор Скопје.
Порталот ја пренесува и атмосферата пред судот каде се собраа пријатели и соученици на убиеното момче, нагласувајќи дека вистината за случајот со убиениот Бехар мора да излезе на виделина.
Видео: Тетовасот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.