ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжи со објавување на плати на функционери.
-Аферата „Паразити“ продолжува во М-НАВ. Покрај Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски, плата од 3.000 евра месечно зема и Миѓен Салмани, член на Управен одбор и извршен директор за финансиски работи, за правни работи, развој и инвестиции во М-НАВ.
Салмани за една година од М-НАВ зема и до 36.000 евра, а за еден мандат ќе наплати 144.000 евра.
Кој е придонесот на Салмани, за оваа висока плата? Што направил Салмани за да ги одработи тие 3.000 евра месечна плата?
Салмани, заедно со Фехрудин Хамиди и Владо Крстевски, го чинат државното М-НАВ над 630.000 евра за плати за време од 4 години.
Да, над 630.000 евра за 4 години ја чинат М-НАВ овие тројца директори, а никој не знае кој е нивниот придонес.
Дел од „Паразити“ е и Фестим Халили, директор на ФИТР (Фонд за иновации и технолошки развој), тој месечно зема плата од 1.000 евра. А за еден мандат тоа се речиси 50.000 евра.
Кој е бенефитот за Македонија од работата на Халили?
Со плата иста како Халили е и Љубе Бошкоски, кој зема 50.000 евра за еден мандат, а резултатот од неговото работење како советник во Владата никој не го знае.
Аферата “Паразити“ покажува десетици функционери именувани од Владата како земаат десетици илјади евра на име плата, а притоа немаат никаков резултат, со што би ги оправдале така високите примања, додека народот гладува, рече Ивица Томовски, член на Централниот комитет на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на директорите на М-НАВ, Хамиди и Крстевски
Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ