Еколошки активисти на социјалните мрежи објавија видео во кое тврдат дека се гледа дека надлежните од општината Кавадарци вршат аеросолизација (вештачки дожд) најмногу на локацијата каде што се наоѓаат мерните станици за загадување на воздухот.
„Ви презентираме видео материјал кој е снимен околу 20:30 часот, во текот на синоќешната вечер (09.12.2018). Во периодот од 20:30 до 20:55, се вршеше агресивно прскање со вода околу мерната станица која се наоѓа кај новиот кружен тек, од страна на градинката. Само во овој период од 25 минути, противпожарното возило го сврте кружниот тек 4 пати, додека тракторот 3 пати.
На видеото јасно се гледаат две паркирани коли со вклучени светла за сигнализација, тоа се луѓето кои го водат градот и го следат процесот на прскање на оваа за нив критична и важна локација, притоа давајќи инструкции за тоа како да се врши аеросолизација.
Со ова, вештачки се предизвика мерната станица да покаже дека загадувањето со ПМ честички од 297, според мерењето во 18 часот, паднало под 50 микрограми на метар кубен според мерењето во 21:00. Можеби подобро е воопшто да ја нема мерната станица за квалитетот на воздухот. Вака не се лаже и манипулира народот ни во Северна Кореја“, се вели во објавата на Еко аларм Кавадарци.
Ви презентираме видео материјал кој е снимен околу 20:30 часот, во текот на синоќешната вечер (09.12.2018).Во периодот од 20:30 до 20:55, се вршеше агресивно прскање со вода околу мерната станица која се наоѓа кај новиот кружен тек, од страна на градинката. Само во овој период од 25 минути, противпожарното возило го сврте кружниот тек 4 пати, додека тракторот 3 пати.На видеото јасно се гледаат две паркирани коли со вклучени светла за сигнализација, тоа се луѓето кои го водат градот и го следат процесот на прскање на оваа ЗА НИВ КРИТИЧНА И ВАЖНА ЛОКАЦИЈА, притоа давајќи инструкции за тоа како да се врши аеросолизација.Со ова, вештачки се предизвика мерната станица да покаже дека загадувањето со ПМ честички од 297, според мерењето во 18 часот, паднало под 50 микрограми на метар кубен според мерењето во 21:00. МОЖЕБИ ПОДОБРО Е ВООПШТО ДА ЈА НЕМА МЕРНАТА СТАНИЦА ЗА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ? Овака не се лаже и манипулира народот ни во СЕВЕРНА КОРЕЈА! ОД СТРАНА НА ОПШТИНАТА БАРАМЕ ВЕДНАШ ДА СЕ ПРЕКИНЕ ОВАА ГЛУПОСТ НАРЕЧЕНА АЕРОСОЛИЗАЦИЈА!До кога ќе не лажете? МојВоздух – MojVozduh #ЛудоОпштество #СтопЗаПопулизмот
Posted by Еко Аларм Кавадарци on Понеделник, 10 декември 2018
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Митко Јанчев со вештачки дожд се бори против ПМ честичките во Кавадарци
Фото: ВМРО ДПМНЕ