еМагазин
Image default
Бизнис

(Видео) Бектеши за Алсат-М: Возилата кои ќе се субвенционираат треба да чинат околу 12.000 евра и не мора да се нови

Сите граѓани кои во моментов имаат возила со стандард Еуро 2 и 3 ќе може да се откажат со цел да се снабдат со нови возила кои се над Еуро 5, и ние како Министерство ќе им помогнеме со сума од 3.000 евра, вели во интервју за „Алсат-М“, министерот за економија Крешник Бектеши.

„Но сепак ќе има граница, односно цената на новиот автомобил треба да биде од 10.000 до 12.000 евра. Ова не се однесува само на ново возило. Граѓаните не треба да купат кола од продажен салон односно со нула километража, исто така може да одат и да купат од салоните кои увезуваат, но треба да имаат предвид да имаат стандарди над евро 5.

Нема разлика што се однесува на моделот на автомобилот, секој кој има старо возило со стандард Евро 3, ќе може да се откаже од тој автомобил и да купи возило спред своја желба. Но сигурно дека взилото не треба да чини над 12.000 евра, бидејќи ние сме предвиделе субвенции од 3.000 евра односно 20 до 30 проценти од вредноста на новото возило,“ вели Бектеши.

Фото: Влада/видео: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на струшката Општа болница за набавка на масло за горење вреден 110.000 евра

Редакција

Сојузот на синдикати на Македонија ја тужи Владата

Редакција

Агенцијата за примена на јазикот вработува 13 лица, плата до 30.560 денари

Редакција