Откако Европската агенција за лекови (ЕМА) потврди дека вакцината против Ковид-19 на “АстраЗенека“ е безбедна со неа се вакцинираа неколку европски политичари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: Вакцината на “АстраЗенека“ има голем потенцијал за спречување инфекции
ЕМА: Вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна, но не се исклучува целосна поврзаност со тромбозите
Меѓу нив се и британскиот премиер Борис Џонсон, францускиот Жан Кастекс, словенскиот Јанез Јанша, претседателот на Словенија, Борут Пахор…, а најава дека со ќе се вакцинира со оваа вакцина стигна и од германската канцеларка Ангела Меркел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто фама околу вакцините „АстраЗенека“: Дали се во прашање и бизнис интереси?
„Да, би ја примила вакцината на Астра Зенека. Би сакала да причекам да ми дојде редот, но апсолутно би ја примила“, изјави Меркел.
Неколку европски земји претходно привремено ја суспендираа употребата на оваа вакцина откако беа пријавени случаи со сериозни несакани ефекти, но по објавата на ЕМА продолжија со вакцинација.
Фото: Џонсон/Фејсбук/Пахор/Фејсбук/видео: Global News