еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Протестите ескалираа: 47 повредени полицајци и 11 приведени демонстранти

Четириесет и седум повредени полициски службеници од кои 11 потешко, приведени 11 демонстранти и причинета материјална штета е епилогот од вчерашните протести против францускиот предлог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Пееше Ребека: Илјадници граѓани повторно кажаа НЕ на “францускиот предлог“

Од безбедносни причини Пендаровски одложи интервју

Министерството за внатрешни работи доцна синоќа информира дека се повредени 47 полициски службеници од кои 11 потешко, а двајца имаат сериозни повреди. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега.

За време на протестот оштетени се и прозорците и фасадите на Владата, Собранието и Министерството за надворешни работи. Скршени се и 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетено е и полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило.

– Констатирани се повеќе нарушувања на јавниот ред и мир од страна на демонстрантите, кои фрлаа со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре и пиротехнички средства, како кон објектите, така и кон полициските службеници кои вршеа службени дејства обезбедувајќи ги државните институции, се наведува во соопштението од МВР.

Оттаму информираат дека се приведени 11 демонстранти и дека за време на протестите од страна на полицијата не биле употребени пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Власта уфрла провокатори за да апси народ, обвинуваат од Левица

– МВР презема мерки за расчистување на случајот и апелира до организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, протестите да бидат мирни и демократски, да ги сочуваме редот, мирот и безбедноста. Преку насилство кон оние коишто го одржуваат редот, кон македонската полиција и објектите на институциите, не се постигнува ништо, дијалогот треба да се води во институциите на системот, велат од МВР.

Фото: МИА/Видео: Твитер/Мартин Колоски/Радио МОФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас поднесе оставка од лидерската позиција во СИРИЗА, нема да се кандидира за нов мандат

Редакција

Нема договор за датум за избори

Редакција

(ВИДЕО) „Нема воздух, нема мир“: Младите им одржаа лекција на старите на масовниот еколошки марш во Скопје

Редакција