еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Хрватски „РТЛ“: Земјите од поранешна Југославија го „растурија“ корона вирусот, сиромашните подобро се справија од богатите

Хрватски „РТЛ“, анализира дека земјите од поранешна Југославија многу поуспешно се справиле со корона вирусот од земјите во Западнa Европа.

Истражувањето на телевизијата покажува дека бројот на заразени и починати е значително помал во оние држави кои биле источно од „железната завеса“, отколку на богатиот Запад.

Според нивните пресметки, во седум држави кои ја сочинувале поранешна Југославија, во просек имаат 12 пати помалку смртност на еден милион жители, отколку во државите од Западот на Европската унија.

Имајќи предвид дека државите на поранешна Југославија варираат во број на популација за споредба го земале просекот на секоја држава на еден милион жители, а податоците се земени на 30. април.

„Словенија бележи 43 починати на еден милион, Македонија 35, Србија и БиХ 20, Хрватска 16, Црна Гора и Косово 11. Заедничкиот југословенски просек е 22 починати на еден милион.

Кога ќе се земе просекот на 12 земји на Европската унија се доаѓа до бројката на 258 починати. Но затоа просекот на тестирање во државите на поранешна Југославија е 10.467, додека на Западот во Унијата двојно повеќе, се тестирале 23.701 на еден милион жители,“ се вели во истражувањето.

Но се поставува прашањето, дали бројката е помала поради помалиот број на тестови? Истокот на Европа поминува подобро и поради задолжителната вакцина против туберколза.

Според хрватскиот научник Иван Џикиќ, таа вакцина придонесува и за неспецифичен имунолошки одговор на корона вирусот, односно штити да не се развие болеста или да се има поблага форма.

Според него, земјите од Источна Европа многу порано започнале со рестриктивни епидемиолошки мерки и ги воведувале постриктно.

Како други причини се наведуваат и помалата густина на население, како и помалиот стандард на животот кој придонесува граѓаните да бидат помалку мобилни, помалку да патуваат и помали се шансите да се заразат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во земјите каде што се дава БСЖ вакцина, кривата на заболени од корона вирусот се разликува од оние кои ја немаат во вакциналниот календар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во приватните лаборатории веќе неколку дена нема заинтересирани за тестирање за корона вирусот

Убава вест: Продолжува трендот на поголем број на излечени од активните случаи со корона вирусот

Видео/Фото: РТЛ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „АТС Груп“ инвестираше 3 милиони евра во нова фабрика за композитни производи за балистичка заштита и безбедност

Редакција

За новогодишната ноќ времето ќе биде ведро со услови за појава на магла

Редакција

Божиќен расказ за Христовото раѓање: Смислата на празникот е спротивно на се што правиме

Редакција