еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) И Прилеп има бугарско здружение, во градот има многу Бугари, вели претседателот

Телевизијата Алфа објави дека од мај годинава во Централниот регистар е регистрирано уште едно здружение на Бугарите, во Прилеп.

Според информации од Централниот регистар, здружението е регистрирано под називот „Југ“ и е основано од петмина основачи.

-Досега, во овие седум месеци од постоењето, ова здружението немало некои јавни активности, се’ до пред неколку дена кога заедно со претставниците од здруженијата во Битола и Охрид, не се пожалија во Софија пред пратениците кои се членови на парламентарната Комисија за Бугарите во странство, дека во Македонија систематски им биле прекршени основните човекови права, не можеле слободно да се изразуваат или пак јавно да се самопределат, објави телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се жалеле на правото на етничко самоопределување: Претставници на бугарските клубови од Македонија, сослушани во бугарска собраниска комисија

„Јас сум прилепчанец, кој себе си се чувствува како Бугарин од Македонија. И бидејќи во Прилеп има многу Бугари, а кои поради свои лични причини и мислења, не го искажуваат својот став за етничката припадност, одлучив здружението на Бугарите „Југ“ да го регистрирам во Прилеп.

Целта на ова здружение не е да прерасне во клуб, туку институционално да се бориме против дискриминацијата на малцинствата во Македонија“, вели за Алфа, Зоран Мрсески, кој одамна не живеел во Прилеп.

„Видете, јас сум македонски Бугарин. По потекло сум Бугарин, сум пораснал во Македонија и планирам да живеам во Македонија. Не може тоа мене никој да ми го оспори како јас ќе се чувствувам, нели, тоа си е мое лично демократско право, како и на секој еден граѓанин.

Ние во нашето здружение имам членови од сите етнички заедници“, вели Мрсески.

Фото: МИА/Видео: ТВ Алфа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во инцијативата за измени на Законот за кривична постапка?

Редакција

Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро

Редакција

Министерството за земјоделство вработува 45 шумски полицајци

Редакција