еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Италијанските медиуми објави фотографии од убиеното семејството Поцеста од Дебар

Информации за убиството на семејството Поцеста од Дебар кое ја потресе Македонија осамнаа и во регионалните медиуми, а убиството предизвика интерес и кај италијанските медиуми, каде семејството работело со години.

Од МВР вчера информираа дека за убиството за приведени три лица, меѓу кои и Блерта Поцеста (28), постарата ќерка на убиеното семејство.

Претходно медиумите објавија дека таа заедно со уште две лица, кои и помагале, стои зад убиството на нејзиниот татко Амит (54), нејзината мајка Назмие (53) и нејзината сестра Анила (14).

Блерта по убиството на 26 август се вратила во Италија, а потоа се вратила во Македонија за да присуствува на погребот на нејзината фамилија.

За сега нема информации кој е мотивот за тројното убиство.

Полицијата оружјето со кое е извршено убиство го нашла на бензинска станица во Тетово.

Семејството е убиено на спиење.

Видео: LE NOTIZIE DEL GIORNO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров предупреди дека новиот пристап ќе донесе корист само за Бугарија

Редакција

Убава вест: 419 оздравени од Ковид-19

Редакција

Кривична за член на обезбедувањето на Гаши, извадил и репетирал пиштол заради косовоската претседателка

Редакција