Претседателот Стево Пендаровски претпладнево во Загреб беше пречекан од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ со државни и воени почести, со што ја почна дводневна официјална посета на Хрватска.
Пендаровски денеска ќе има средби и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и со претседателот на Хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ.
За време на официјалната посета на Хрватска, претседателот Пендаровски е придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Пендаровски од Загреб: Добрата вест е што португалското претседателство заврши
Фото/видео: Кабинет на претседателот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.