Од пред неколку дена властите од Општина Сарај, како и што претходно најавија, почнаа со рушење на објектите околу рекреативното езеро Треска во Скопје, за кое од Владата побарале да се прогласи за слободна туристичка зона.
Како што е познато таму сега се планира градење на хотелски комплекс и викенд населба, а Владата го пренамени земјиштето од земјоделско во градежно.
Езерото се протега на површина од 136.000 м2, длабоко е од 1,6 до 3 м и има капацитет од 10.000 капачи. Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје.
Поради загаденоста на водата, езерото е затворено како капачки објект од 1998 година.
Како изгледаше атмосферата таму во најубавите времиња погледнете во видеото:
Фото: Канал 5/видео: Skopje The Capital Of Macedonia/You tube