Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретна со канцеларката Ангела Меркел, а од партијата инфромираат дека средбата поминала во исклучително пријателска атмосфера помеѓу две сестрински партии кои што се дел од Европската Народна Партија.
„Разговаравме околу актуелната политичка ситуација во државата, се разбира главен акцент беше ставен на актуелностите, односно на претстојниот референдум кој што ќе се случи на 30 септември. На самата средба ги истакнав оние позиции кои што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше во изминатиот период, зошто ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати овој договор, зошто ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со содржината на овој договор.
Ги повторивме истите позиции, ја информиравме Канцеларката Меркел за нашата акција во рамките на таканареченото “Лето за Македонија”, целокупната онаа навигација која што ја добиваме од страна на граѓаните и информиравме дека во текот на наредната недела партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат состанок и ќе биде донесена конечната позиција. Генерално акцент беше на актуелните политички случувања во државата и на она што ќе се случува на 30 септември“, велат од партијата.
Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меркел: Вие сами одлучувате за Вашата иднина, не останувајте дома на 30 септември
(ВИДЕО) Како беше пречекана Меркел
(ВИДЕО) Димитров со букет цвеќе ја пречека Меркел