Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во видео порака на Фејсбук, осврнувајќи се на преговорите за законот за Јавно обвинителство порачува дека за правдата не планира никаков компромис и оти препознава задни намери кај власта на која и порачува, како што наведува, „да не се надева на ново Пржино и некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува сѐ и сешто“.
– Еднаш Заев ќе се пофали дека имал две третини за обвинителството, па кога ќе види дека нема тогаш министерката ќе каже дека еве ќе го менуваме Советот за јавни обвинители зошто таму не ни требаат две третини. Но сами си ги кажуваат задните намери кои имаат две цели: Првата е политичка – да се пресметаат преку инсталациите во Обвинителството со политичките неистомисленици. Втората е да го заштитат криминалот којшто ќе го стават зад себе, а обвинителскиот систем да им биде слуга. Тоа така не може, и тоа така нема да помине, истакнува Мицковски.
И ако се надеваат на некакво ново Пржино, дополнува, на некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува сѐ и сешто, надополнето со по некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ, јас како негов претседател вам и на сите низ Македонија ви ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис, вели Мицковски.
За правдата не планирам никаков компромис
Aко се надеваат на некакво ново Пржино, некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува се и сешто, надополнето со некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат.Ви ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис.
Posted by Hristijan Mickoski on Вторник, 03 септември 2019
МИА/Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ