Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е избран на функцијата како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на трибина порача дека држвата би доживеала прогрес доколку сите покажат флексибилност како премиерот Зоран Заев.
„Дај Боже сите да сме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме, ако од двете страни го постигнеме истото, а и вие тоа го сфатите во општеството, државата ќе ни стане како Швајцарија“, рече Јанчев.
Тој претходно укажа неговиот став да не биде доживеан како навреда кон неговата партија, туку како негово лично мислење.
По партиските препукувања на денешната седница на советот на општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев јавно апелираше сите да ги надминат партиските интереси и нагласи дека само со работење во интерес на сите граѓани, може да се постигне добар резултат во општеството.
Posted by КТВ-телевизија on Петок, 25 септември 2020
Фото/Видео: Фејсбук/Јанчев/КТВ телевизија