Бегството на премиерот Никола Груевски во Унгарија го сврте вниманието на светската јавност кон Македонија, а македонските граѓани се уште не можат да поверуваат како надлежните дозволија осудениот екс-премиер да пребега во Унгарија кога официјално не поседувал пасош.
Со оглед на тоа што официјална Тирана потврди дека Груевски на 11 ноември влегол и излегол од Албанија се наметнува прашањето дали некој од надлежните органи изврши брза проверка на камерите на граничните премини кон оваа земја, а посебно на премините Ќафасан во Струга и Блато кај Дебар.
Имено, ако се земе предвид дека Груевски по влегувањето веднаш ја напуштил Албанија и преминал во Црна Гора најверојатно искористил некој од овие два премини за да влезе на албанска територија.
Секторот за граница и миграција при албанската државна полиција наведе дека Груевски Албанија ја напуштил преку преминот Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница. Албанската полиција соопшти дека тој ја напуштил Албанија во 19.11 часот, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A, сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана.
Беше наведено дека, истиот ден кога поранешниот македонски премиер бил на територијата на Албанија, не постола потерница од Македонија или Интерпол. Сепак, албанската полиција не соопшти ништо во однос на тоа преку кој граничен премин Груевски влегол на албанската територија заради што се сомневаат дека тој влегол пеш не нелегален начин.
Дали имало пропусти кај граничната полиција, истрага најави и премиерот Зоран Заев.
Инаку, Македонија има вкупно четири гранични премини со Албанија и тоа ГП Блато кај Дебар, ГП Ќафасан кај Струга, ГП Свети Наум кај Охрид и ГП Стење кај Ресен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавина од шпекулации: Пребега ли бегалецот Груевски од Унгарија во Русија, Турција или Азербејџан?
Мапа на „големото бегство“ на Груевски низ Балканот
За сега единствен „виновен“ за бегството на Груевски е Орбан, наскоро ќе биде и Путин
Тирана официјално потврди: Груевски преку Албанија заминал за Унгарија на 11 ноември
Подгорица официјално потврди: Груевски на 11 ноември влегол и излегол од Црна Гора