еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) МВР пресече меѓународен канал за транспорт на марихуана, запленети 40 килограми

На 21.01.2021 Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, пресече меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, која од Косово била транспортирана на територијата на Република Северна Македонија, соопшти МВР.

„Притоа, на бул.„Јадранска магистрала“, на влезот во Скопје било запрено патничко возило  „шкода фабија“, управувано од А.М.(42) од Скопје. При извршениот преглед на возилото, во багажникот се пронајдени две големи вреќи со марихуана, во вкупно количество од околу 40 килограми, со пазарна вредност од над 100.000 евра.

А.М. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка,при што во текот на денот ќе биде предаден со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.

Инаку, А.М. е познат сторител на кривични дела, осудуван и издржувал затворска казна, а во 2017 во Р.Србија е лишен од слобода при транспорт на поголема количина хероин“, информираат од МВР.

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мето Јовановски не само што ја обогати нашата култура како култен актер, туку и стана светилник на верата, добрината и благородството, велат од Бигорски манастир

Редакција

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Редакција

СОНК не прифаќа зголемување на платите од 10 отсто, најави штрајк

Редакција