Механизација во сопственост на охридскиот советник на ДУИ, бизнисменот Нефи Усеини копа песок од крајбрежјето на Охридското езеро, за потребите на неговата бетонската база, тврдат од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охридското обвинителство поднесе обвинение против браќата Усеини, притворот продолжен
“Викендов се формализираше новата владина коалиција на Guns N’ Roses, или попрецизно, надградената и проширена верзија на претходната, со неколку рокади.
Додека мандатарот најавуваше чесни и способни кадри, справување со проблемите и корупцијата, конечно воспоставување правна држава, на брегот на Охридското Езеро, механизацијата во сопственост на Нефи Усеини копа песок од литоралот (односно крајбрежјето) за потребите на бетонската база.
Локацијата каде се копа е во права линија со базата. Нашиот сограѓанин кој го сподели видеото се обидел да се доближи до машините и возилата, за подобро да види што се случува, но добил вербални закани: „знаеш ли дека тука е забранет пристап“ и „тргни го телефонот, ќе ти го фрлиме у езеро!“. На механизацијата немало никакви обележја од фирма„, велат од Охрид СОС на нивната Фејсбук страна.
Викендов се формализираше новата владина коалиција на Guns N' Roses, или попрецизно, надградената и проширена верзија на претходната, со неколку рокади. Додека мандатарот најавуваше чесни и способни кадри, справување со проблемите и корупцијата, конечно воспоставување правна држава, на брегот на Охридското Езеро, механизацијата во сопственост на Нефи Усеини копа песок од литоралот (односно крајбрежјето) за потребите на бетонската база. Локацијата каде се копа е во права линија со базата (во коментар споделуваме и слика). Нашиот сограѓанин кој го сподели видеото се обидел да се доближи до машините и возилата, за подобро да види што се случува, но добил вербални закани: „знаеш ли дека тука е забранет пристап“ и „тргни го телефонот, ќе ти го фрлиме у езеро!“. На механизацијата немало никакви обележја од фирма.До кога Zoran Zaev како претседател на Влада на Република Северна Македонија и Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид ќе го толерираат нивниот коалиционен партнер Bashkimi Demokratik për Integrim – BDI и нивниот локален експонент Усеини, кој моментално е во притвор откако СВР Охрид поднесе кривична пријава против него за кривичните дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали“ и со денови беше во бегство? Како може советник во Општина Охрид да биде лице на кое е поднесена кривична пријава за сериозни прекршоци и кое ѝ бегало на правдата и службите на прогонот? Зарем бетонската база не се демонтираше и рушеше? Дали Oliver Spasovski и Министерство за внатрешни работи ќе се одважат и ќе ги запрат овие активности на брегот и вистински, до крај, ќе ја спроведат акцијата за прекин на работата на нелегалната бетонска база? Што е приоритет – јавниот интерес, заштита на животната средина и почитување на правдата и законите или еден надмен поединец кој изминативе години е неприкосновен и оставен да прави што сака во општината?Ако тврдевте дека сега ќе делуваат чесни и способни кадри, тогаш уште денес ќе започнете со брза и бескрупулозна акција и ќе го запрете дивото копање езерски песок од крајбрежјето, ќе ги казните физичките или правните лица кои го вршеле тоа, ќе ја затворите бетонската база и ќе наложите нејзино демонтирање и рушење! Ако на почеток Усеини побарал сам да го стори тоа, а се покажа дека само излажал и купувал време, сега најдете фирма која ќе го стори тоа. Не чекајте, ако Makedonijapat ќе ја руши дивоградбата во Скопје, нека дојдат после тоа и во Охрид, да се продолжи низата. Во спротивно од старт ќе покажете дека новата влада е само лицемерие и неспособност завиткано во убава хартија. Само вистинска и решителна акција ќе покаже дека сите тие зборови не се само празни фрази во етерот. Ги повикуваме и охрабруваме сите наши сограѓани, сонародници, нека го следат примерот на овој совесен млад човек и да снимат, да фотографираат, да реагираат до институции, медиуми, да бидат активно вклучени, да ги следиме сите девијации и пропусти кои се случуваат и да покажеме дека #ТиМожешСѐДаСменишOhrid Press ohridnews.com ohridnet.com Публицитет.мк MKD.mk Радио МОФ A1on.mk AKO.MK Investigative Reporting Lab Macedonia VECER Press Sloboden Pecat DW на македонски Center for Investigative Journalism SCOOP-Macedonia Radio Mreza Kanal 77 Телевизија 24 Нова Македонија Sitel Tv Radio Slobodna Evropa na Makedonski Дома Види Вака СамоПрашај.мк Еко Баланс
Posted by Охрид SOS on Вторник, 01 септември 2020
Фото: Усеини/Фејсбук/Видео: Охрид СОС