Пожарите во Амазон се подметнуваат намерно од ранчери кои сакаат шумите да ги претворат во полиња за пасење на стоката, обвинуваат членови на амазонското племе Патаксо.
Пожарите во Амазон, чии прашуми обезбедуваат 20 отсто од кислородот на планетата Земја предизвикаа загриженост и кај повеќе светски лидери.
The Amazon rainforest provides 20% of the world's oxygen. People are deliberately starting fires in effort to illegally deforest land for cattle ranchingPataxó woman: “These assholes came in and burned down [our reservation]… I want all of the media here to see this”#AmazonRainforest #prayforamazonas🙏🏻💔🖤
Posted by GT Network on Среда, 21 август 2019
Францускиот претседател Емануел Mакрон изјави дека шумските пожари во Амазон претставуваат меѓународна криза.
Тој додаде дека со лидерите на членките на групата стопански најразвиени земји на светот Г-7 на претстојниот викенд во Франција ќе разговара за „оваа вонредна состојба“.
„Нашата куќа гори буквално. Амазон се белите дробови на нашата планета кои произведуваат 20 насто од нашиот кислород“, рече Макрон.
На ваквиот став не остана должен бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кој го обвини Макрон за колонијалистички менталитет.
Тој смета дека Макрон сака внатрешните работи на Бразил и и другите земји од регионот да ги инструментализира и од тоа да извлече личен профит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бразил нема пари за да се бори против пожарите во Амазонија
Фото/Видео:GNA/Фејсбук/GT network