еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

(Видео) Семејството продаде се што имаше, на ред сме ние: Да спасиме мајка на две деца

Штипската телевизија „Стар“ објави потресна приказна за младата мајка Соња, која се бори за живот.

Приказната ја пренесуваме во целост:

„60.000 фунти за спас на МАМА. Вака 5-годишната Емили и 8-годишниот Антони, молат за донации неопходни за животоспасувачка операција на нивната мајка Соња. Досега на интернет се собрани само 933 фунти, што е незначителен еден отсто од потребната сума.

Соња, е 36- годишна штипјанка, мајка, сопруга, ќерка, сестра, но и очаен пациент во напредна фаза на канцер. Три операции во Англија, Бугарија и Германија, не успеаја да ја оттргнат злокобната болест од нејзиното тело.

Започнат од јајниците, префрлен на дебелото, а сега и на тенките црева, ракот кај Соња никако да се повлече.

„Поминаа три месеци и пак се повтори. Мораше да оди во Бугарија, бидејќи во Англија не се нафатија. Плативме 6.000 евра, но пак ништо“, изјави Велика Митева, мајка на Соња.

Но операцијата во Германија чини неверојатни 120.000 евра. Семејството на Соња си го продаде целиот имот за лекување на болната ќерка, но се собраа само половина од парите.

„Имавме една куќа во населбата Станица и моравме да ја продадеме за да помогнеме. Помош имавме и од комшии, од пријатели“, додава Митева.

Таткото на Соња вели дека тие платиле 60.000 евра, а сумата е 120.000 евра. За останатите 60 бараат помош.

Семејството даде се, до последниот денар за лекување на Соња. Сега на потег се граѓаните. Од нивната хуманост зависи животот на Соња, но и тоа дали нејзините две се уште премногу мали деца ќе растат со мајка.

Соња во моментов е во болницата во Германија, со поглед преполн надеж и желба за живот, свртен кон нејзино семејство, но и родниот Штип и Македонија. Одовде ја чека за неа неопходната помош која живот значи.

Сите оние кои можат и сакаат да помогнат за спас на Соња, можат тоа да го сторат со упалата на следнава сметка 530500022024777, Охридска банка.“

видео: Телевизија Стар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопско слави 100. роденден вечерва во Градски парк, еве кој ќе настапи

Редакција

Тепачката на градскиот базен во Штип почнала поради напад на 25-годишна девојка од радовишко

Редакција

„Архангел“ ќе одржат концерт на летната сцена „Славиша Кајевски“, на 2. октомври

Редакција