Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова направи гаф на синоќешниот митинг кој го почна со „почитувани кавадарчани“, а таа имаше митинг во Неготино.
Откако се обрати со кавадарчани, некој од публика довикна, па таа се извини за пропустот велејќи: „најпочитувани неготинчани“.
Интересно е што помеѓу овие два града владее вечно ривалство, и има доста шеги помеѓу нив.
Силјановска Давкова не можеше да избере два поривалски града, каде што ќе го направи гафот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва прво ТВ соочување на Силјановска, Река и Пендаровски на Телма
Твитер „полуде“: „Гога достигна максимум во јога, од Неготино се телепортира во Кавадарци“
Ципрас ги засени само еден ден: Твитер „збесна“ по „Јога со Гога“ и „Тегови крева наш Стева“
Фото: Фејсбук-профил на Силјановска-Давкова