Канидатот за претседател на државата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска – Давкова, на својот Фејсбук профил најави дека почнува со собирање на потписите за претседателската кандидатура.
Заедно со вас од утре започнуваме важна етапа во битката да ја вратиме Македонија во нормала.Ви благодарам за подршката
Posted by Gordana Siljanovska Davkova on Петок, 22 февруари 2019
„Утрово Ве повикувам сите да се упатите до подрачните единици на Државната изборна комисија и да се потпишете на мојата кандидатура. Со цел да го почнеме процесот на обединување за право и правда за Македонија! Штом се потпишете ве замолувам да направите самослик (selfie) и да го постирате со хаштаг #сепотпишавзаправоиправда“,напиша таа на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Силјановска објави заедничка фотографија со Киро Глигоров
Додека СДСМ и ДУИ изберат кандидат за претседател, Силјановска победува
Силјановска: Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус, јас му припаѓам на родот на кактуси
Фото: Фејсбук/Силјановска