еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Убава вест од Кина: По 2 месеци изолација, делумно се отвори Вухан, од каде се почна

Кинескиот град Вухан, во кој почна епидемијата со коронавирусот на крајот на декември, денеска делумно е отворен, по два месеци во изолација.

Во градот, кој има 11 милиони жители, смее да се влезе, но не смее да се излезе до 8 април.

Јавниот сообраќај во градот почна да функционира, но властите не ги препуштаат нештата на случајноста. За да го користите истиот треба да имате здравствен код, кој покажува дека сте здрави.

Како сето тоа изгледа погледнете во прилогот на DW News:

Во Вухан за време на изолацијата семејствата мораа да останат дома, прекинати беа јавниот и такси превозот, а работеа само продавниците со најнеопходните производи.

Околу 60 отсто од случаите во Кина со заболени од вирусот беа во Вухан.

Во Кина во изминатите 24 часа не е забележан ниту еден локално пренесен случај од новиот коронавирус, а намален е и бројот на заразени кои се враќаат од странство.

Националната здраствена комисија соопшти дека во Кина се пријавени 54 нови случаи на зараза и дека сите се импортирани.

Вкупниот број на заразени со Ковид-19 изнесува 81,394, додека цифрата на смртни случаи порасна за три и се искачи на 3.295. Смртните случаи се пријавени во провинцијата Хубеи, каде нема новозаболени лица.

Кина од денеска воведе поригорозни мерки за странските државјани и привремено го суспендира влезот на луѓето со виза или дозвола за престој.

еМагазин/МИА/Фото: AFP/Видео:DW News

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Поради коронавирусот, светот влезе во рецесија, можни серија банкроти на држави

Грција: Над 1.000 случаи на заболени со коронавирусот, 32 починати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави биле примањата на членовите на Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје лани

Редакција

(Видео) Вчера за ЕК беше македонски, денеска е “јазикот кој го зборуваат луѓето во РС Македонија”

Редакција

“Од струмички чушки и френки до милион долари“: Инспиративната приказна на Блаже Аризанов

Редакција