еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Успешна операција на една од најкомплексните аномалии на срцето кај бебе од домашниот тим предводен од Академик д-р Жан Митрев

Првпат во Македонија успешно се изведе една од најтешките и најкомплексните операции на срце кај деца. Новороденото дете од 2,9 килограми беше дијагностицирано на Клиниката за педијатрија и веднаш упатено во нашата клиника, Клиничка болница „Жан Митрев“ како итен случај.

После соодветна подготовка, штотуку родениот мал пациент вчера беше успешно опериран. Се работи за т.н. тотална транспозиција на главни крвни садови, една од најкомплексните аномалии на срцето, со која сите крвни садови излегуват обратно од срцето, со тоа крвта циркулира во обратен правец, овие деца се сини и заради недостаток од кислород умираат набрзо после породувањето.

Операцијата ја изврши Академик д-р Жан Митрев и целата оперативна подготовка, анестезијата, кардиоперфузијата, инструментарките, како и комплексното постоперативно водење беше од лекарите и персоналот на Клиничка болница „Жан Митрев“.

Мора да се напомене, дека во овој комплексен исклучително тежок оперативен зафат немаше ниту еден странец или советник на ниедна позиција. Со оваа операција и „стариот “ тим и „новиот“- дојдените од државната клиника, покажаа голема зрелост за вакви подвизи во медицината и покажаа, дека веќе се „еден тим“!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25-годишното момче кое силуваше 81-годишна старица од струмичко заврши во притвор

Редакција

Ќе има ли „нуклеарки“ или само „димни бомби“ до крајот на кампањата?

Редакција

(Фото) Државниот врв на божиќен ручек кај г.г. Стефан

Редакција