еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Во „намрштена атмосфера“ Владата го утврди предлог-законот за јавно обвинителство

Владата на својата 8-ма редовна седница го утврди текстот на предлог-законот за јавното обвинителство за кој е одлучено да оди на усвојување во Собранието по скратена постапка.

„Утврдениот Предлог-закон е усогласен во претходна постапка во Собранието и во него се вградени решенија што обезбедуваат функционирањето на принципот на владеењето на правото согласно европските вредности со прeдвидени услови за фер и еднаквост на страните во правосудната постапка.

Решението на Предлог-законот гарантира дека сите судски процеси кои беа во надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон за да добијат правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази“, соопшти Владата.

Оттаму информираат дека новина во Предлог-законот е изборот на јавен обвинител во обвинителството за организиран криминал и корупција кој ќе се се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители.

„За Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Советот ќе го именува кандидатот кој што ќе освои најмногу гласови од листата на пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите согласно овој закон.

Предметите од надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите преземени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон“, информираат од Владата.

На оваа 8-ма седница е утврден и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, кој исто така се предлага да биде усвоен по скратена постапка.

„Целта на предложените измени и дополнувања е да се обезбеди правна рамка за независен, поактивен и влијателен Совет на јавни обвинителисо посилна улога во спроведувањето на обвинителската слобода на одлучување“, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема напредок во разговорите за закон за јавно обвинителство

Се заострува реториката меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ околу Законот за јавно обвинителство

Фото/Видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК донесе изменување на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња

Редакција

Република Северна Македонија излезе во Службен весник

Редакција

Главниот кризен штаб не донесе заклучок за вакцинацијата на вработените во јавниот сектор, Филипче ќе одржи состанок со синдикатите

Редакција