Во опколените места во Украина од страна на руските сили, ситуацијата станува се поочајна.
Индиски студенти заглавени во Суму, раскажуваат дека, бидејќи немаат вода, топат снег, а како што пренесуваат светските агенции во други места украинските жители собираат и дождовница.
Поради немање вода, ситуацијата се усложнува и во болниците во овие места.
Освен вода, во некои места, како Мариупол, каде вчера беше прекината евакуацијата на жителите, а украинските и руските власти се обвинуваа меѓусебно за тоа, нема ни струја, ни греење, ни храна, ни лекови…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Привремено примирје во Мариупол и Волноваха, за да се евакуираат цивили
Фото: Украинско министерство за одбрана/Видео: NDTV
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.