Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев најави смена на неколку министри, заменици-министри и други функционери по седницата на Централниот одбор на СДСМ.
„Ќе има промена на министерските позиции, заменици министри и други функционери во владата, како и дректори на ЈП, агенции, АД во државна сопственост, секаде каде буквално нема резултат, односно се покажала ароганција, се немало доблест, се намело демократски капацитет, успешност, ќе се случат промени. Ќе бидат, исто така сериозни какви што се овде во политичката партија, бидејќи само така е во ред„, рече Заев.
Прашан колку министри ќе бидат опфатени со промените, Заев не кажа конкретна бројка, но рече дека ќе бидат повеќе од тројца.
„Бројката не ја кажувам. Имајќи предвид дека досега се променети шест министри – за култура, правда, образование и тројца без ресор, јас сум блиску до вкупната бројка од една третина. Што значи првпат во јавноста се отвора дебата дека ќе одиме со избор на Влада, зашто ако сменам само двајца или повеќе од двајца го исполнувам лимитот од најмалку една третина за да има реконструкција на влада. Тоа е советот од министерката за правда и правници со кои што разговаравме, што значи ќе има повеќе од тројца и во такви околности секако ќе ги соопштиме навреме кога ќе ги донесеме сите одлуки, рече Заев.
На новинарско прашање Заев рече дека нема да понуди оставка, бидејќи, според него, оваа Влада и тој како премиер може да држат лекции за успешност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот Љупчо Николовски нов генерален секретар на СДСМ
Сменет целиот Извршен одбор на СДСМ
Фото/видео: СДСМ