Премиерот Зоран Заев во интервју за телевизијата N1 изјави дека во предвечерјето на бегството на експремиерот Никола Груевски, неговиот наследник, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретнал со премиерите на Србија и Унгарија, Александар Вучиќ и Виктор Орбан.
„Тоа е јавно објавено и при тоа тој не објасни за што се разговарало. Остана тајна до денес. А Груевски побегна од Македонија“, изјави Заев.
Во интервјуто не откри нови детали за бегството.
„Истрагата е во тек, ќе објавиме се по нејзиниот завршеток. Сите се бориме во регионот да докажеме дека сме пријатели и дека ги почитуваме законите, не дозволивме пријателството со Унгарија да се наруши, но не е фер една членка на НАТО и ЕУ да ни држи ваква лекција…“, рече Заев.
Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ му се извини на Заев што не испратил соопштение за средбата со Мицкоски