еМагазин
Image default
Македонија

Виси и „метлата“: Ако нема датум, нема да има ни реконструкција на Владата

Премиерот Зоран Заев денеска повтори дека доколку не добиеме датум за преговори со ЕУ, тој најавил враќање на мандатот и оти од тоа зависи дали ќе има избор на нова Влада или само реконструкција.

Ако остане во план реконструкција на Владата, тогаш тоа може да се случи најдоцна до крајот на јуни. Сепак, Заев кажа дека на идната седница ќе има одредени промени на директорските места.

– Замислите за реконструкцијата беа поприлично завршени, но заради тоа што парламентарното мнозинство не е така спокојно после сите одлуки што ги донесе и не гарантира дека ќе се одржи.

Затоа најавив и можно враќање на мандатот, тоа значи отворање на различни можности, прво дебата во кој правец продолжуваме и тоа во случај ако не се донесе одлуката ова лето.

Ќе ги видиме и основите од разговорите со канцеларката Ангела Меркел, а ние сме во постојана комуникација со лидерите од сите земји, истакна Заев.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев ќе се сретне со Меркел, информацијата дека била против доделување датум била стара

Засега нема датум за преговори во јунските нацрт-заклучоци на ЕУ

Албанија станува пречка за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На таткото на Вања ќе му се суди за грабнување, приговорите на обвинетите одбиени

Редакција

Нови 200 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција

Вкупно 2.900: Од Ковид-19 починаа 7 лица

Редакција