П“Витаминка” АД Прилеп за периодот јануари – јуни 2021 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.
За овој период компанијата оствари вкупна сеопфатна добивка од 37.907 илјади денари, а во истиот период лани таа била 1.005 илјади денари.
“Остварените единечни вкупни приходи за првото полугодие во 2021 година изнесуваат 1.326.316 илјади денари и во споредба со остварените во првото полугодие во 2020 година бележат пораст од 11 %.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2020 година за извештајниот период бележат пораст од 12%.
Остварените единечни вкупни расходи за првото полугодие во 2021 година изнесуваат 1.302.453 илјади денари и во споредба со остварените во првото полугодие во 2020 година бележат раст од 15%.
Растот на вкупните расходи е во корелација со оперативното работење за 2021 година за извештајниот период и континуираниот раст на цените на репроматерјалите во меѓународни рамки“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Витаминка откупи сопствени акции
Кои се најголемите акционери во „Витаминка“?
Фото: Витаминка