„Виз ер“, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 30-ти Мај.
„Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Виз сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на „Виз ер“.
Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака.
Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.
„Виз ер“ искрено се извинува за непријатностите со кои патниците се соочуваат како резултат на забраните за патување и ги уверува своите патници дека сигурноста и добро-состојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет“, информираат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се формира авио-компанија „Виз ер Абу Даби“
Фото: Виз ер