Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ потврди дека ги прекинува летовите од Скопје до Барселона и Ларнака и од Охрид кон Милано, објави специјализираната веб-страница за ависообраќај Exyuaviation.
Од компанијата не ги наведуваат причините за укинување на овие линии, ниту пак дали некогаш ќе се обноват.
Линијата за Барселона неколкупати беше прекинувана во изминатите три години, делумно и поради пандемијата. Летовите кон Барселона беа обновени по укинувањето на карантините низ Европа и линијата повремено беше во функција до декември.
Летот Скопје-Ларнака беше суспендиран на почетокот на пандемијата и оттогаш воопшто не беше обновен.
Летот помеѓу Охрид и Милано (Малпенса), беше воведен во март 2019, но беше прекинат во 2020 година во екот на пандемијата.