еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно заразени од корона вирусот 617 лица: Потврдени 18 нови случаи, најмногу во Скопје

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Македонија изнесува 617 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 261

Куманово – 130

Дебар – 49

Штип-20

Прилеп – 38

Тетово – 29

Струга – 28

Велес – 10

Битола – 8

Охрид – 3

Кавадарци – 3

Гостивар – 4

Гевгелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-3

Радовиш – 4

Крушево – 3

Кочани – 18.

Во изминатото деноноќие направени се 351 теста. Од нив преку Институтот за јавно здравје-185, преку Ветеринарен факултет –19, Авицена –22 , Биотек –25  и Фипил Втори (Жан Митрев) –100 .

Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19, информираат од Министерството.

“Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома.

На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба,  а 3 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно –тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни.

Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов 4 пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина родилката од Куманово заболена со коронавирусот, имаше само 27 години

44-годишен кавадарчанец починал дома, посмртно бил земен брис и бил позитивен на корона вирусот

Четири нови случаи заразени од корона вирусот во Прилеп, еден во Крушево

Како пациенти со кардиолошки заболувања да се заштитат од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ со мала предност пред ВМРО-ДПМНЕ, на Левица и расте рејтингот: Анкета на Телма и МЦМС

Редакција

Пендаровски: Нонсенс е дека нашата историја до 1945 била бугарска

Редакција

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Елизабета Постоловска

Редакција