Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 27 септември покажуваат дека вкупно 1.498 лица до 19 години во Македонија досега се заразиле со Ковид-19.
“Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,2 години).
Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 3.898 (22,1%) со инциденца од 1.017,0/100.000, а највисока специфична инциденца од 1.180,0/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (3.281 заболени).
Најниска инциденца од 268,7 и 352,9 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 615 и 883 случаи соодветно“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Мапа) Штип се уште на врвот со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители
Фото: МЗ