Министерство за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести почина еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.) и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април.
Во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и еден критично болен пациент на механичка вентилација.
Вкупната бројка на починати изнесува 82.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 1.506 заболени од коронавирусот: Потврдени 15 нови случаи, од кои половината во Куманово
Убава вест: Оздравени уште 45 пациенти, вкупно 852 излечени
За прв пат од почетокот на епидемијата, на Клиниката за инфективни болести нема прием на нов пациент
Убава вест: Во шест градови во државата нема повеќе заболени од корона вирусот