Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 9 август покажуваат дека вкупно 955 лица до 19 години во Македонија се заразиле со корона вирусот.
“Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,7 години).
Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 2.670 (22,4%) со инциденца од 696,6/100.000, а највисока специфична инциденца од 823,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (2.290 заболени).
Најниска инциденца од 191,4 и 206,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 438 и 517 случаи соодветно“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
20,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија биле/се хоспитализирани
Штип, Ресен и Свети Николе со најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители
Фото: МЗ