еМагазин
Image default
Македонија

Влада: Државен карантин при влез на странските дипломати и нивните семејства ако е нужно

Владата денешната седница го разгледа и донесе Протоколот за влез во земјава на странски дипломати акредитирани во земјата и членови на нивните семејства, и го задолжи Министерството за надворешни работи веднаш да ги извести сите странски дипломатско конзуларни претставништва за усвоениот Протокол.

„Согласно Протоколот, странските дипломати и членовите на нивните семејства при влез во земјата начелно не треба да бидат изземени од мерката задолжителен карантин.

Со цел да се почитува Виенската конвенција за дипломатски односи, а во исто време и да се почитуваат националните закони и правила (кои дипломатите согласно Виенската конвенција мора да ги почитуваат) мерката државен карантин ќе се применува само онолку колку што е нужно.

За спроведување на овие мерки се задолжени Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство“, соопшти Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата со уредба ги запира манипулациите на големите трговци на јужно овошје

Влада: Ученичките и студентските домови ќе се користат како капацитети за сместување „против“ корона вирусот

Владата воведе нови правила за судовите и обвинителствата: Се одложуваат затворските казни до три години

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот Стево Пендаровски помилува тројца осуденици

Редакција

Што пишува во учебникот по географија, кој Македонија ќе треба да го менува согласно Протоколот со Бугарија

Редакција

Нови 75 случаи на Ковид-19 од 726 тестирања

Редакција