Владата на денешната редовна седница го усвои мислењето на Министерството за правда да се прифати иницијативата за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.
„Законот за помилување беше изменет и дополнет во 2009 година, кога беше укинат членот 11 кој содржеше можност за помилување без спроведување на постапка, се вели во мислењето на Министерството за правда.
Според ова мислење, во март 2016 година, Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на законот од 2009 година, не се враќа во сила одредбата од членот 11.
Тоа значи дека претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 од Законот за помилување објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни“, соопшти Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чудо во Македонија: Одеднаш сите против амнестија, помилување, аболиција…
На Уставен суд после три години му „текнало“ да расправа за укинатото помилување
Џафери: Седницата за автентичното толкување на Законот за помилување после 11 декември
Кои се уставните судии кои ќе имаат пресуден збор за Законот за помилување?
Фото: Влада