Премиерот Оливер Спасовски на денешна прес-конференција информира дека Владата прави анализи на сето она што е преземено досега во однос на прогласувањето на вонредната состојба во неколку сегменти и според движењето во тие сегменти ќе биде донесена одлука дали повторно ќе се побара нова вонредна состојба.
„Владата прави анализи, систематизира се она што беше преземено во однос на прогласувањето на воредната состојба досега, анализите и во делот на здравствената криза, намалувањето на бројот на инфицирани од коронавирусот.
Меѓутоа и импликациите врз економијата ќе бидат основа за тоа дали ќе се донесе одлука за нова вонредна состојба. Тоа ќе го имаме како можност за расправа пред Влада во наредните неколку дена и тогаш ќе ја донесеме одлуката дали ќе побараме повторно нова вонредна состојба во државата“, рече Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На лидерската средба не се разговарало по прашањето дали ќе има продолжување на вонредната состојба
Избори 22 дена по крајот на вонредната состојба, но енигма е колку таа ќе трае
Уставен суд не поведе постапка за продолжувањето на вонредната состојба