еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата го менува законот за финансиска дисциплина: Нови правила за доцнење во исплатата

Министерството за финансии подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина со кои се врши натамошно усогласување со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции 2011/7/ЕУ.

„Надзорот над спроведувањето на одредбите од Законот за финансиска дициплина кај економските оператори од приватниот сектор го врши Управата за јавни приходи, која е надлежна за утврдување, контрола и наплата на даноци или јавни давачки. Постапката за надзор над Законот за финансиска дисциплина не претставува даночна контрола и со истата не се утврдува данок или јавна давачка

Со предложената измена се врши натамошно усогласување со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции 2011/7/ЕУ, во делот на презицирање дека условите од договорот не се значително неправедни и нефер кон доверителот, како и во делот на надоместокот за доцнење при исполнување на парични обврски.

Надзорот над спроведувањето на одредбите од Законот за финансиска дициплина кај економските оператори од приватниот сектор од Управата за јавни приходи се пренесува на Државниот пазарен инспекторат“, пишува во образложението на предлог-законот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Речиси целото население, макар и со едно прележување или само со две дози вакцини веќе поседува долгорочна заштита од тешка форма на Ковид-19

Редакција

„Тајмиште“ со загуба од 8,6 милиони денари во првите три месеци од годината

Редакција

Руската „Нордвинд“ отвори втора авиолинија од Скопје: Oд денес редовни летови до Санкт Петербург

Редакција