еМагазин
Image default
Македонија

Владата за прислушувањето на телефоните во Обвинителство: Ваквите појави се рецидив од минатото

Владата на Република Македонија остро го осудува случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство.

„Сметаме дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури. Владата очекува дека институциите ќе посветат максимални капацитети во истрагата, дека ќе се расчисти настанот и дека јавноста ќе биде веднаш и целосно информирана.

Тоа што можеме во моментов да го кажеме е дека министерството за внатрешни работи целосно е вклучено во предистражната постапка.Одговорноста мора да биде идентификувана, утврдена и целиот случај да има ефикасна судска разрешница. Владата на Република Македонија исто така ги става на располагање на Основното јавно обвинителство сите капацитети со кои располагаме доколку е истото побарано и потребно“, се вели во соопштението на Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На провокациите одговоривме согласно законите, Бугарија не направи доволно за да ги спречи, велат од македонското МНР

Редакција

Захариева го критикува Радев за свикувањето на Советот за национална безбедност за Македонија

Редакција

И Македонците во Бугарија во извештајот на Стејт департментот за човековите права

Редакција