еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Властите во САД го следат движењето на Американците како дел од мерките за борба со коронавирусот

Американските власти ја користат геолокацијата на милиони мобилни телефони за да предвидат сценарија за распространување на коронавирусот и за борба со инфекцијата, објави „Волстрит журнал“.

Се дознава дека федералната Влада во соработка со Центрите за контрола на болести и профилактика, заедно со државните и локалите власти, ја следат локацијата на мобилните телефони на Американците, со цел да направат анализа на податоците за нивното движење, а во контекст на борбата против коронавирусот.

Властите, информациите за ова ги добиваат од рекламодавачите, кои поставуваат реклами на социјалните мрежи. Мобилните оператори такви информации не смеат да споделуваат со властите.

Според изданието, властите добиваат информации само за локација на корисниците, без други лични податоци како име или телефонски број.

Се дознава дека вакви податоци властите собираат во повеќе од 500 американски градови и главната цел е да се забележат обрасци во движењето на Американците, а тоа може да помогне во борбата со коронавирусот.

Од своја страна пак, со употребата на овие технологии од страна на властите, активистите за заштита на приватноста бараат „силна законска заштита“ за корисниците.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Италија речиси 100.000 болни со коронавирусот, вчера починале 756 луѓе

Зошто и како почина најмладиот пациент од коронавирусот во Македонија, кој имаше 31 година

Први случаи на заболени со коронавирусот во Струмица и Гевгелија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реконструкцијата на Владата и денеска на дневен ред во Собрание

Редакција

Позитивни реакции во Србија по признавањето на афтокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ

Редакција

Само во Македонија: Украден паричник од починато лице од Ковид-19 во клиничкиот центар во Скопје

Редакција