еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара пребројување на гласачките ливчиња за да се тргне дамката од изборниот процес

Државната изборна комисија има обврска да ги испита сите сомнежи за неправилности и фалсификати, вклучително и рачно да се пребројат гласачките ливчиња, затоа што не смее да има црна дамка на процесот при ваков масовен поткуп и фалсификат, соопшти Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаме огромен број на неважечки ливчиња, над 30.000 несвојствени за ваква излезност на еден изборен процес. Да потсетам уште еднаш, дека функционери на СДСМ и нивни експоненти јавно водеа кампања да се шкртаат ливчиња, претставувајќи го како повик на ВМРО-ДПМНЕ, што е кривично дело во изборен процес.

Потребно е да се заштити волјата на граѓаните и да се тргне дамката од изборниот процес“, соопшти Арсовски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе 425 приговори за изборите до ДИК, се најавуваат уште

Сите детали од ДИК: Коалицијата „Можеме“ доби 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, а ДУИ 15

СДСМ: Во податоците на ДИК недостатоци и грешки кои може да дадат неточна слика за конечниот резултат

Дерковски: Сајтот на ДИК најверојатно е цел на надворешен напад

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коѕиас: Нова демократија и ВМРО се хранат со проблемите, а ние со решенијата

Редакција

(Видео) Во Макстил уништени 1.400 килограми дрога и 270 парчиња оружје

Редакција

Синот на Цветанка Иванова го демантира Јанушев за политички влијанија во неговата фирма

Редакција