еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе ги отворат „картите“: Избори или промена на Уставот

Денеска уставните измени, кои се предвидени со договорот за името со Грција, ќе бидат пред пратениците на пленарна седница.

Предложените измени на Уставот, од страна на Владата, претходно поминаа на Комисијата за уставни прашања.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМЕ најави дека се подготвува за предвремени парламентарни избори и уште неколку пати нагласи дека нема да ги подржи уставните измени, а СДСМ повтори дека ако пратениците на опозицијата не ги подржат истите и не понесат одговорност ќе се оди на избори.

Најоптимисти дека сепак ќе се обезбеди двотретинско мнозинство или 80 пратеници остануваат од ДУИ, кои велат дека се уште не размислуваат за избори.

Дали на денешната седница во Собранието ќе присуствуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, без кои не се можни измени на Уставот, или ќе биде очигледно дека Собранието ќе треба наскоро да се распушти, останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори: Можни датуми 25 ноември, 2 декември, 9 декември или на пролет

ДУИ не размислува за избори

Заев за грчка „Та неа“ : Ако пратениците од опозицијата не сакаат да прифатат одговорност, одиме на избори

Сите детали од владиниот предлог за промена на Уставот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тодоровиќ повеќе од три часа на распит во суд за „Феникс“, Обвинителство бара притвор

Редакција

Каков имот пријавила Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања

Редакција

Обвинетиот шеф на железничката станица во Лариса добил боледување без преглед неколку часа по несреќата

Редакција