еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ не е против внесувањето на Бугарите во Уставот, вели Мицевски

Проблемите не завршуваат со отворањето на Уставот и внесувањето на Бугарите во него, вели Никола Мицевски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во интервју за Радио Слободна Европа. 

-Апсолутно не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот, ние го кажавме нашиот став, меѓутоа има многу работи во Договорот кои што се основа на сите асимилаторски и негаторски претензии на соседна држава кон нас. Нека се решат сите спорни прашања по однос на тоа.

Апсолутно не сме против Бугарите и не само против Бугарите, туку и другите за внесување во Уставот. Меѓутоа ние не завршуваме тука со проблемите, еве со отворање на Уставот и внесување на Бугарите, ние имаме одредена преговарачка рамка, каде што билатерален проблем, којшто се појави годиниве од потпишувањето на тој фамозен Договор со Бугарија за добрососедство и соработка се јавува како проблем.

Во 2007-2008 година Бугарија влегува во Европската унија. При влезот потпишува документ дека нема нерешени прашања со соседите, од каде сега излегуваат овие прашања, проблеми или комисии кои решаваат одредени прашања кои нас не тангираат, како тоа до 90-тите години немаше проблеми со Бугарија, по однос на одредени прашања, а сега гледаме комисија меѓу двете држави решава одредени прашања.

Се решаваше средниот век, сега се оди на решавање на друг период, па ќе дојдеме до Илинденското востание, тука се проблемите коишто произлегуваат. Никој не може да ме убеди дека ова се последни пречки што доаѓаат од страна на нашиот сосед, за жал, вели тој.

Фото: Мицевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев за „бомбата“: ДУИ не вреди пет пари на пазарот на гласови

Редакција

Мајка со две деца од Македонија евакуирани од Газа, претходно не сакале да се вратат

Редакција

Брза помош во Кривичен каде се одлучува за притворот на Јанева

Редакција