еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Протест против мафијата на Заев и поскапа струја денеска во 18 часот

ВМРО-ДПМНЕ за денеска повторно закажаа протест во 18 часот, кој ќе се одвива со автомобили кој ќе започне пред паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“, ќе продолжи по булеварот Партизански одреди, до пред Регулаторната комисија.

„Мафијата на Зоран Заев ја урна економијата во Република Македонија. Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ останаа над 40 илјади граѓани на улица за пет месеци. Македонија има историски пад на БДП од 12.9%.

Зоран Заев тргува со македонската историја, го продава Гоце Делчев. Земјоделците поради владата на СДСМ се на питачки стап. Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сѐ е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ,“ информираат од партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 13 лица, сите со коморбидитети

Редакција

Коѕијас: Знакот во Скопје на кој пишува дека Александар е грчки херој е доказ за пријателството меѓу народите

Редакција

Детали за новите случаи на заразени со корона вирусот во Македонија

Редакција