Внукот на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети, очекувано е топ тема на социјалните мрежи.
Преку една од неговите фирми “Торх индустрис“ младиот Ахмети е еден од купувачите на „Соравиа Инвест ДООЕЛ“ и „Соравиа Менаџмент’“ ДООЕЛ, во чија сопственост е бизнис центарот „Соравиа“.
За без пари, како што информираше самиот вчера на прес-конференција ќе поседува 39 отсто од „Соравиа Инвест“ и 49 отсто од „Соравиа Менаџмент“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„
Фирмата на внукот на Ахмети лани имала добивка од околу 60 илјади евра
Еве дел од твитовите:
Ќе биде штета доколку Фондот за иновации не му даде парична поддршка на талентираниот Дрин Ахмети, кој до нула денари стана сопственик на 40% од ТЦ Соравија, кој вреди 30.000.000€
Браво за економскиот и млад визионер Дрин❗ pic.twitter.com/gyfPEWLY6m— AnaStevano (@StevanoAna) June 27, 2023
Не можам сега го следам Дрин Ахмети како држи прес на англиски и штотуку рече: Господ да го благослови чичко ми Али Ахмети што оваа држава не е поделена а се тоа е по негова заслуга, а иначе за СОРАВИЈА рече дека НЕ дал € зделката е направена благодарејќи на неговата способност. pic.twitter.com/ty5Z9rRuZk
— Мaрга (@MKDProLet) June 26, 2023
До твои 30 години да основаш фирма која ќе купи трговски центар за 30 милиони евра во сред центар на град!
Многу успешен внукот на Али Ахмети значи, импресионирана сум!
— Кафеџика☕ (@Kafedzikata) June 23, 2023
Оваа машина за броење пари гарант му е поклон од внукот Дрин Ахмети pic.twitter.com/I0gRsHqoOp
— BackaodKarpoS (@BackaodKarpos) June 26, 2023
Али Ахмети зборува албански, внук му англиски, а демек ја спасиле Македонија.
P.S. Не ми беше до смеење.
— Ена Пан (@ena_od) June 26, 2023