еМагазин
Балкан

Девојче било заглавено со часови во автомобилот на македонските државјани кои загинаа во сообраќајката во Србија

Седум лица загинаа, додека 27 се повредени во два стравични верижни судири кои се случија на автопатот Белград – Ниш, пред неколку дена, а причината најверојатно е густата магла која ја намали видливоста на автопатот.

Во сообраќајката, помеѓу загинатите беа и двајца државјани на Македонија.

Очевидци на несреќата за српските медиуми велат дека била како од страшни сцени во филмовите, а сведочат и дека во автомобилот со македонски регистарски таблички било заглавено девојче, кое ја довикувало мајка и.

„Детето со часови беше заглавено во каросеријата на автомобилот. Врескаше и викаше за помош, додека на предните седишта нејзините роднини, со кои патувала, веќе биле мртви. Спасувачите едвај и пристапија, а кога дојдоа до неа, не беше при свест. Лекарите едвај успеаја да ја смират и тоа со седативи„, раскажува очевидец за српски „Курир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео од стравичната сообраќајка во Србија во која загинаа и двајца македонски државјани

Фото: www.wkfirm.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актуелните мерки за влез во Грција продолжени до 22 јули

Редакција

Хрватски лекари заразени од коронавирусот криеле дека биле на скијање во Австрија

Редакција

Граѓаните на Македонија можат да се вакцинираат во Врање без закажување

Редакција